Јувентус загуби уште еден меч во низа, овојпат од Лацио со 1-0, резултат со кој дополнително се зголеми притисокот врв тренерот Игор Тудор.
„Старата дама“ за само седум дена загуби три натпревари и притоа без да постигне гол, а последниот триумф е забележан дури на 13 септември кога во трилерот беше совладан Интер со 4-3.
Веќе е запален алармот во Торино и според информациите Тудор ќе го води тимот и на престојниот натпревар со Удинезе во среда, но и со победа може да биде отпуштен.
Според „Газета Дело Спорт“, сите директори на Јувентус не се за тоа Хрватот сега да добие отказ и се очекува да добие шанса да го води составот барем на уште еден натпревар.
Италијанските медиуми воедно уште еднаш излегоа со листа на потенцијални наследници, па тука се искусниот Роберто Манчини и Лучијано Спалети, од новата генерација се споменува Роберто Паладино, а активна е и опцијата Тијаго Мота да се врати на жешкото столче.







