Белингам го „поздрави“ Јамал во својата славеничка „Ел Класико“ објава

Дерби

27/10/2025

08:08

760

Големина на фонт

а а а

Џуд Белингам го постигна голот кој се покажа како победнички на најновото „Ел Класико“, а како еден од фудбалерите кои беа круцијални на теренот, беше посебно расположен за прослава по последниот судиски свиреж на Сото Градо.

Ламин Јамал се претвори во главна мета на играчите на Реал поради спорната и провокативна најава која ја направи за големото дерби, па поради тоа, Белингам не успеа да го „поздрави“ и во славеничката „Ел Класико“ објава.

Англискиот фудбалер првите зборови јасно му ги посвети на противникот од Барселона, што само е потврда дека зборовите на Јамал послужија како силна мотивација за „кралевите“ воочи натпреварот на „Бернабеу“.

– Зборувањето е евтино. Хала Мадрид засекогаш!!!, – порача Белингам.

Јамал во најавата за дербито говореше дека во Мадрид се навикнати да крадат и да се жалат кај судиите, а исто така, посочи дека Барселона повторно може да победи со 4:0.