[ВИДЕО] Јокиќ асистираше, Гордон се сврте за 360 степени и режираше „Ол-стар“ забивање за најавните шпици

Дерби

26/10/2025

16:44

287

Големина на фонт

а а а

Арон Гордон постави личен рекорд со 50 постигнати поени на првиот натпревар против Голден Стејт, но иако тоа издание не донесе победа за Денвер, вториот меч сепак беше успешен за Нагетси кои славеа над Феникс.

Денвер на домашен терен победи со 133:111 во уште едно добро издание на Гордон, кое беше зачинето и со „Ол-стар“ бравура за најавните шпици.

Гордон максимално профитираше од луцидното додоавање кое го доби од Никола Јокиќ, а потоа самиот се погрижи за спектакл каков што посакуваат фановите на НБА лигата.

Гордон се сврте 360 степени во воздух и на монструозен начин заби во кошот на противникот, потег кој без никаков сомнеж е хајлајт на вечерта во НБА лигата.

Арон го заврши мечот со 17 поени зад своето име, додека Јокиќ испорача трипл-дабл со 14 поени, 14 скокови и 15 асистенции.