Макелеле за асот што сака да го види во Реал: Многу е интелегентен, тој е играч од соништата!

Дерби

27/10/2025

14:21

499

Големина на фонт

а а а

Поранешниот француски репрезентативец, Клод Макелеле има предлог, иделно засилување за шпанскиот великан Реал Мадрид.

Макелеле во активната играчка кариера која траеше две децении (сениорска) имаше можност да настапува за Реал (2000-2003 година), па и до ден денеска тој клуб му е навистина драг и сака да го гледа како бележи добри резултати.

Клод како засилување од соништата за „кралевите“ го гледа капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос кого воедно добро го познава.

- Отсекогаш сум сакал да го видам Маркињос во Реал Мадрид. Го сакам ова дете. Работев со него во ПСЖ, под водство на Анчелоти. Неговиот квалитет, неговата работа, неговата страст, неговото трпение… Тој напредуваше многу, многу. Секако, тој сега игра за најдобриот тим во светот, Пари Сен Жермен. Но, тој е тип на играч што би сакал да го видам во Мадрид. Тој е многу интелигентен. И во моментов, не гледам многу дефанзивци да играат еден на еден. Тој игра еден на еден. Тој е мојот играч од соништата кога Реал Мадрид ќе се подобри. Но, не мислам дека Париз ќе го пушти, - истакна Макелеле.

Инаку Маркињос веќе има 31 година и тешко дека Реал би се впушти во некоја супер акција за него освен ако може да го доведе без обештетување, операции кои клубот од Мадрид веќе некое време успешно ги реализира.