Ал Наср продолжува да победува во Саудиска Арабија и останува перфектен и по шест одиграни кола во натпреварувачката 2025/2026.
Клубот од Ријад беше подобар од Ал-Хазм со 2-0 со погодоците на португалските репрезентативци Жоао Феликс и Кристијано Роналдо.
Погодокот на Кристијано беше јубулеен, односно 950 во кариерата со што направи нов исчекор кон целта, да се дојде до бројката од 1000 голови.
-Среќен сум што му помогнав на тимот да победи и што дојдов до 950 гола! Секогаш сум гладен за повеќе, -порача ветеранот.







