[ФОТО] Една од најубавите македонски водителки си ја исполни најголемата животна желба: „Научив дека мојот живот е само мој, другите можат да одат со мене ама не можат да одат за мене“

Точка

20/10/2025

11:30

1.983

Големина на фонт

а а а

Една од најпознатите македонски водителки и инфлуенсерки, Лила Филиповска на социјалната мрежа Инстаграм често објавува фотографии од местата кои ги посетила во светот.

Овојпат нејзиното патување било во Бразил, а поводот за тоа бил нејзиниот роденден и остварување на една од најголемите желби во нејзиниот живот.

Лила сподели фотографии на кои позира со роденденска торта во авионот додека лета кон Бразил и напиша дека ќе си ја исполни роденденската желба, посета на статуата на Исус Христос на планината Корковадо во Рио де Жанеиро која се смета за дел од Новите седум светски чуда.

Во една од објавите водителката се заблагодари на сѐ она што го има во животот досега:

„Она кога роденденот го славиш меѓу облаците... Благодарна сум на сè што имам и на сè што сум, на Бог, семејството, пријателите, соработниците. Научив дека мојот живот е само мој живот, другите можат да одат со мене ама не можат да одат за мене. Посакувам само здравје и на себе и на вас кои го читаат ова… И да, што повеќе патувања низ светот нови предизвици и уживање во животот затоа што единствено со патувањето потрошените пари те прават уште побогат“.

Под фотографиите од статуата на Исус Христос пак, таа напиша:

„Исполнување на мојата роденденска желба, посетата на статуата на Исус Христос во Рио Де Жанеиро, симболот на христијанството. Ова колосално здание е високо триесет и девет метри и од таму се пружа прекрасен поглед на градот. Прогласен за едно од новите седум светски чуда. Едно од најпосетените места во Рио и нешто што никако не треба да го пропуштите при вашата посета во Рио Де Жанеиро“.


Среќен роденден Лила Филиповска!