Родителите на милијардерот Роман Абрамович му забраниле да се ожени со неговата прва љубов: Кога му помогнала да се збогати, ја оставил во беда...

Точка

19/10/2025

15:19

2.445

Големина на фонт

а а а

Животот на Роман Абрамович отсекогаш ги интригирал медиумите, но олигархот на сака ништо да споделува со јавноста. Она што се знае за него, го откриле неговите поранешни сопруги.

Забранета љубов

Првпат на вечна љубов се заколнал кога имал 20 години во 1988 година, со три години постарата Олга Јуревна Лисова, ќерка на високорангирани дипломати. Парот се запознал во еден ресторан и биле толку маѓепсани еден од друг што тој ја запросил по само осум недели врска.

Родителите на Абрамович не биле задоволни од неговиот избор затоа што Олга веќе имала дете, тогаш двегодишното девојче Настасија кое го добила во текот на афера.

„Но, само им кажа да му се тргнат од патот. Тој ако нешто сака, го добива“, рекла подоцна неговата поранешна сопруга.

Родителите на Олга биле токму тие кои му помогнале на Абрамович да ги направи првите чекори во претприемништвото.

Му дале пари како подарок за венчавката, 2.000 рубљи, што Роман ги вложил во препродажба на црниот пазар.

Во неговиот асортиман имало парфеми, паста за заби и дезодоранси. Тој заработил тројно повеќе од вложените пари и успеал да ја легализира својата работа, а потоа со сопругата ја основал компанијата за производство на кукли. Животот целосно му се сменил.

Криза во бракот по неуспехот

Но, набрзо по успехот следеле кризни моменти во нивниот брак. Абрамович на еден лет запознал стјуардеса, идната сопруга Ирина Маландина која пресудила на неговиот брак. Олга своевремено открила како се чувствувала како изневерена жена.


„Мојата интуиција говореше што се случува. Знаев дека пред утрото влегува во мојот кревет откако ноќта ја поминал со друга жена. Кога се соочив со сомнежот, ми рече дека ми се привидуваат работи. Тој добро знае како да зачува тајна.

Знам како се чувствува Ирина. Се сеќавам на себеси кога го поминував тоа. Бев помлада од неа кога Роман ме остави, но ужасната болка и шок беа нешто низ што повеќе не сакав да поминувам“, раскажала таа.

Абрамович речиси ништо не ѝ оставил на Олга по разводот, ѝ припаднал само еднособен стан во којшто живеела и ситна сума на пари.