По тешката болест, Турунџиева зборува за невидливите рани на душата: „Скршените очекувања најмногу болат“

Точка

14/10/2025

18:00

1.373

Големина на фонт

а а а

По силната животна приказна во која откри дека ја победила тешката болест, Сузана Турунџиева повторно се обрати до јавноста со емотивна порака што длабоко ги допре нејзините следбеници.

Познатата водителка и пејачка, која веќе со години инспирира со својата искреност, хуманост и духовна сила, зборува за невидливите рани што ги носиме во себе и за потребата од внатрешно лекување.

Во својата нова објава на социјалните мрежи, Турунџиева напиша:

„Многу често се опседнуваме со нашиот физички изглед, со нашата надворешност, не размислувајќи дека е речиси невозможно да ја камуфлираме нашата руинирана емотивна состојба, незадоволство, празнина и духовна сиромаштија... Скршените очекувања најмногу болат, до толку што се отвораат живи рани... Не дозволувај да си полн(а) со празнотија... Наместо да го растеш гневот, одгледувај љубов... Научи да се нурнуваш длабоко во себе, да се доближиш до Бога, кој ќе ти ги залеми сите лузни...“.

Многу често се опседнуваме со нашиот физички изглед, со нашата надворешност, не размислувајќи дека е речиси невозможно...

Posted by Suzana Turundzieva on Недела, 12 октомври 2025

Овие зборови се надоврзуваат на нејзината лична приказна - периодот кога, како што претходно откри, се соочила со сериозна дијагноза која ѝ го променила животот. По тој предизвик, Сузана често говори за важноста на духовниот мир, благодарноста и љубовта како најсилен лек.

Во едно неодамнешно интервју, Турунџиеца раскажа дека ја добила „здравствената битка“ и дека по тој период живее „нов, посозреан и поблагодарен живот“. Музиката, како што откри, ѝ помогнала да го врати мирот и повторно да се поврзе со себе - преку музикотерапијата и свирење на хендпен, инструмент кој стана симбол на нејзиниот нов почеток.

Со последната порака, Турунџиева повторно нè потсетува дека најтешките битки не се секогаш видливи, но дека токму тие нè учат на најважната лекција - да ја чуваме душата чиста и срцето полно со љубов.

Автор: Ц.Н.