Најскапиот развод во историјата: Која е жената што излезе од судница со милијарди евра?

Точка

18/10/2025

15:14

1.165

Големина на фонт

а а а

Мелинда Френч Гејтс, поранешната сопруга на основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс, повторно е во центарот на вниманието на светските медиуми — овој пат поради нова романса.

На фотографиите направени на 5 октомври 2025 година во Њујорк, Мелинда е забележана во друштво на Филип Фон, додека заедно шетаат низ улиците на Менхетн. Тоа беше доволна причина медиумите да се навратат на нејзиниот спектакуларен, но и финансиски исклучително значаен развод.


Кога Бил и Мелинда Гејтс се разделија во 2021 година, нивниот развод влезе во историјата како една од најскапите брачни спогодби досега. Мелинда доби значителен дел од заедничкото богатство, проценето на 152 милијарди долари.

Двојката се запознала во 1987 година во „Microsoft“, каде што Мелинда работела, а се венчале во 1994. По 27 години брак, решиле да продолжат по различни патишта. Мелинда тогаш изјавила дека двајцата „повеќе не веруваат дека можат заедно да растат во следната фаза од животот“.

Развод без „валкан веш“

Разводот бил реализиран според договор за раздвојување, чијшто детали никогаш не беа објавени. Според судските документи, ниту едниот ниту другиот не биле обврзани да плаќаат алиментација, а останатите финансиски аспекти не се дел од јавната документација.


И покрај разводот, двајцата објавија дека ќе продолжат заеднички да ја водат нивната хуманитарна фондација, која кон крајот на 2020 година имаше фонд од околу 50 милијарди долари.

Животот по разводот

Во едно интервју за магазинот „People“, Мелинда зборуваше за тоа како научила да „остане верна на себеси“ дури и по, како што вели, „предавствата“ во бракот.

Таа открива дека тешки моменти во бракот се појавиле уште години претходно. Во својата книга „The Moment of Lift“, опишува како кон крајот на 2019 почнала да сонува дека нејзината куќа се урива, и како редовно се будела во паника. Таа додава дека Бил јавно признал дека не бил секогаш верен, и дека особено ја погодила веста за неговите состаноци со финансискиот магнат и осуден престапник Џефри Епстин, за кои медиумите нашироко известуваа.

Бил подоцна изјави дека тие средби биле „грешка“ и дека бил „наивен што воопшто поминал време со него“, тврдејќи дека сакал да разговара за потенцијална поддршка на хуманитарни проекти.

Пресвртниот момент

Во книгата, Мелинда пишува дека нејзините соништа за срушен дом се претвориле во визии во кои таа, Бил и нивните деца – Џенифер, Рори и Фиби – стојат на работ на бездна, додека таа „паѓа во провалија“.


„Звучеше драматично, но тогаш сфатив дека морам да донесам одлука – и дека морам да ја донесам сама“, пишува таа.

Во февруари 2020 отпатувала во Њу Мексико на патување што првично планирала да го помине сама, но го повикала Бил да ѝ се придружи. Откако стигнале во изнајмената куќа, дознале дека сопствениците исто така неодамна се развеле. Таа вечер, Мелинда му соопштила дека сака да започне одвоен живот, и дека ќе остане да живее во нивниот заеднички дом со најмладата ќерка, Фиби, која тогаш била матурантка.

„Тоа беше еден од најтешките разговори во мојот живот. Бил беше тажен и потресен, но и достоинствен“, открива таа.

Враќање на себе и нов почеток

По враќањето во Сиетл, продолжиле да соработуваат во Фондацијата и дури се појавувале заедно на настани – иако малкумина знаеле дека се веќе разделени.

„Бил има репутација на еден од најтешките преговарачи во светот. Во тие месеци почнав да добивам напади на паника“, пишува таа во книгата, истакнувајќи дека „терапијата ѝ помогнала да се справи со предавствата, без да се предаде самата себе“.


Денес, Мелинда Френч Гејтс вели дека животот по разводот ѝ донел нова сила и значење. Преку својата организација „Pivotal Ventures“, таа продолжува да инвестира милијарди долари во образование, правата на жените и иновативни решенија.

„Потребна е огромна храброст да изградиш нов живот. Кога ќе смениш пат, ќе сфатиш дека пред тебе се отвора огромен простор за нешто ново“, вели милијардерката.

Најскапи разводи во историјата:

• Бил и Мелинда Гејтс – двајцата добија по околу 76 милијарди долари.

• Џеф Безос и Мекензи Скот – Мекензи доби 38,3 милијарди долари во акции на „Amazon“.

• Алек и Џослин Вајлденштајн – Џослин доби 3,8 милијарди долари.