Репрезентацијата на Шпанија е на добар пат да обезбеди пласман на Светското првенство во 2026 година, но за да се случи, официјализира тоа сценарио ќе мора соодветно да го одработи ноемврискиот прозорец од квалификациите каде прво ќе и гостува на Грузија, па ќе ја пречека Турција.
„Шпанците“ имаат перфектни четири од четири во групата Е и притоа неверојатен учинок, гол разлика од 15-0. Последна жртва беше Бугарија која беше совладана со 4-0, меч во кој продолжи да стрела Микел Мерино.
Мерино реализираше двапати и сега има шест гола во овие квалификациите со што е трет стрелец во овој циклус кога е во прашање Европа, поточно пред него се само Ерлинг Халанд и Мемфис Депај.
-Тој е исклучително комплетен играч со одлична прилагодливост. Малкумина се толку разновидни како него и привилегија е да го имаме со нас. Тој одлично ги чита противниците и ситуациите. Тој е фантастичен фудбалер, на исто ниво како Педри, Ојарзабал, Родри… имаме извонреден состав, -порача селекторот Луис Де Ла Фуенте.
-Не е случајност, но ви треба малку среќа за да постигнете гол. Со години сакам да го подобрам овој аспект од мојата игра, а исто така да бидам поодлучен со асистенциите. Се надевам дека ќе можам да ја продолжам оваа серија. Сите тимови се добро подготвени физички и технички. Кога ќе изградите група играчи во низок блок, секогаш е тешко, но заслугата лежи во бројот на шанси што ги создадовме и во контролирањето на играта од почеток до крај.
-Имаме малку време, а тимот знае дека додека сè не се финализира, ништо не е сигурно. Сега е време да се фокусираме на клубот и да го одржиме овој моментум, -дополни предводникот на „црвената фурија“.