Составот на Еурофарм Пелистер го доживеа четвртиот пораз на петтиот натпревар во групната фаза во Лигата на шампионите.
Подобар од тим беше актуелниот шпански шампион Барселона, тим кој воедно е најтрофеен во елитното натпреварување. Каталонците триумфираа во Битола со резултат 34:30 и тоа во во дуел во кој откако го преземаа водството при резултат 10-9 едноставно имаа се во раце, контрола на играта и заслужено триумфираа против „зелено-белите“.
- Игравме против можеби најдобриот тим во светот. Да ја победиш Барселона мора да си перфектен, ние имавме добар меч, но не и перфектен. Правевме некои лесни грешки, не најдовме решение да ги сопреме во одредени ситуации. Вториот дел беше многу подобар, видов борба. Имавме мала шанса на крајот на мечот, но не можевме да победиме. Мислам дека напредуваме секој ден и сме подобри, мора да го ставиме фокусот дури и на најмалиот детал во играта. Мора да го држиме фокусот, да бидеме паметни во најситните моменти. Знам дека некогаш не е лесно да се прави тоа, но мора да работиме на таквите работи за да дојдеме до нови победи, - истакна предводникот на македонскиот првак, Рубен Гарабаја.
Нареден ривал на Пелистер е актуелниот европски првак Магдебург на кого му гостуваат на 23 октомври.