Роналдо и Нуно Мендеш го изведоа најбизарниот слободен удар во квалифкациите за СП

Дерби

15/10/2025

14:01

946

Големина на фонт

а а а

Португалија ќе мора да почека најмалку до месец ноември за заверка на пласманот на Светското првенство, откако селекцијата која ја предводи Роберто Мартинез вчера не успеа да ја победи Унгарија.

Фаворитот прими гол во самата завршница и мораше да се помири со реми (2:2), па така испадна дека на домашниот тим не му беа доволни и двата гола на Кристијано Роналдо.

Капитенот постави рекорд и стана најдобриот голгетер во историјата на мундијалските квалификации, но исто така, вчера беше дел и од еден бизарен момент.

Во првото полувреме при негатива од 0:1, Роналдо и Нуно Мендеш некое време се договараа како ќе го изведат слободниот удар, за на крајот да режираат сцена која е несвојствена за највисоко ниво.

Двајцата Португалци дефинитивно не се разбраа, а видеото стана хит на социјалните мрежи.