Шмајхел за најголемото разочарување во Премиер лигата: Тие се голем клуб…

Дерби

16/10/2025

12:29

195

Големина на фонт

а а а

Питер Шмајхел најважните и најславните години од својата кариера ги мина во Англија настапувајќи во Манчестер Јунајтед, Астон Вила и Манчестер Сити и дефинитивно многу добро го познава фудбалот на островот.

Досега во Премиер лигата се одиграни седум кола, а досега виденото легендарниот Шмајхел го издвои клубот кој за него е најголемо разочарување во натпреварувачката 2025/2026.

Тоа е тимот на Вест Хем кој се наоѓа на претпоследното место на табелата со само 4 освоени бода и најлошата гол разлика во шампионатот (6-16).

- Веројатно е Вест Хем. Тие се толку голем клуб, имаат 60.000 гледачи на трибините секоја недела, треба да играат многу подобро. Веќе го отпуштија својот менаџер, навивачите го напуштаат стадионот, дури и на полувреме. Разочарувачки е, треба сè да стават под контрола. Навивачите, тимот и клубот, сите тие треба да се држат заедно. Тие се толку голем клуб и не мислам дека тоа е правилно за клуб како Вест Хем, - истакна Данецот кој пак ги посочи Борнмут и Кристал Палас како најголеми изненадувања.

- Борнмут е еден од нив, тие играат навистина, навистина добро. Другиот тим е Кристал Палас. Нивниот менаџер ги поттикна и тие играат навистина добар фудбал, - порача Шмајхел.