[ВИДЕО] Брутален нокаут: Слушнете како одекнал ударот и погледнете ја реакцијата на Дејна Вајт

Точка

15/10/2025

18:17

709

Големина на фонт

а а а

Последната епизода од шоуто „Dana White’s Contender Series“ донесе еден од најспектакуларните нокаути во историјата на натпреварувањето, а реакцијата на шефот на УФЦ, Дејна Вајт, кажа сè.

Инаку преку ова шоу, УФЦ доби голем број познати борци, вклучувајќи го поранешниот шампион Џамахал Хил и големата ѕвезда Шон О’Мали, пишува „Bloody Elbow“.

Во коглавната борба на вечерта, перуанскиот борец во бантам категорија Хуан Дијаз се соочи со Јужнокореецот Квон Вон-ил. Дијаз испорача неверојатен нокаут од вртење со лактот, прв од ваков вид во историјата на шоуто „Contender“, со што обезбеди договор со најсилната светска ММА-промоција.

Потегот го остави Вајт, кој ја следел борбата покрај кафезот, во целосен шок, а неговата реакција стана вирална.

„О, мој Боже“, извика Вајт, пцуејќи.