Креатор на модифицирани автомобили во слободно време, а вработена со полно работно време во dm. Ирена Лазаревска Бошковска e жена со исклучителен креативен дух, која веќе 3 години дел од тимот на dm во одделот експанзија.
За неа да се биде дел од еден успешен и респектабилен систем како што е dm дрогерие маркт е предизвик, но и инспирација за да се постигне нешто повеќе, да се излезе од комфорт зоната, да се постават повисоки цели.
Работата во dm и дава слобода и ја мотивира да биде своја, оригинална, но истовремено не ја спречува да биде креативна и надвор од работното место.
Ирена Лазаревска Бошковска е професионалец кој храбро се носи со сите деловни предизвици, исполнителна, посветена, секогаш достапна за помош за своите колеги, дури и во ситуации кога интензитетот на активности и носи стрес. За Ирена нема ништо поубаво од тоа да се работи она што се сака, и да се следи „вистинското јас”!
Работните обврски за неа не се пречка да се следи и саканото хоби, страста кон модифицираните автомобили. Кога станува збор за нив, таа никогаш не е изморена, наоѓа слободно време, создавајќи можност целосно да ужива.
„Додека многумина можеби имаат традиционални хобија, јас ја пронаоѓам својата вистинска страст во светот на модифицираните автомобили. Заедно со мојот клуб Extreme Power City од Скопје, сме дел од многубројни натпревари во нашата и во соседните земји , а нашата посветеност и талент се крунисани со освоени многубројни пехари. Годишно посетуваме отрпилика 15 вакви настани. Најдалечен натпревар на кој сме биле до сега е во БиХ во Добој, а едни од поинтересните вакви настани за мене се изложбите во Битола и Охрид, како и во Младеновац (Белград), Лесковац и Врање. Секоја изложба на автомобили за мене е можност да се восхитувам на креативноста, иновациите и уникатниот израз на секое возило. Токму таму, меѓу сјајните каросерии и моќните мотори, се чувствувам најмногу своја, најмногу #СкрозЈас“, вели Ирена.
Таа викендов учествуваше на настанот Tuning Car Show Prilep 2025, каде традиционално учествува веќе повеќе години. Станува збор за натпревар на олдтајмери, луксузни возила, модифицирани автомобили и џипови, од целиот регион, но пред се место за дружење на страствените вљубеници во автомобилите.
Приказната на Ирена е инспирација за сите оние кои веруваат во своите соништа и се подготвени да ги следат, без разлика на влијанијата од средината, на препреките и тешкотиите што може да се појават на патот.
#СкрозЈас иницијативата на dm ги повикува сите да ги истражуваат сопствените амбиции и да не се откажуваат од своите соништа. Без разлика дали станува збор за страст кон автомобили, уметност, кариера или личен развој, истото она што ја движи Ирена може да ја води секоја личност кон успех. #СкрозЈас не е само кампања, тоа е повик за сите да бидат искрени со себе, да ја следат својата страст и да се ослободат од сите стравови и сомнежи.
Комерцијален текст