Овие професии одат во заборав: Вештачката интелигенција може да ги замени речиси сите клучни професии

Точка

11/10/2025

12:06

1.749

Големина на фонт

а а а

Вештачката интелигенција (AI) може да замени дури 40 видови професии, додека на исто толкав број работни позиции може многу малку да се примени, покажува најновата анализа на „Microsoft“.

Според студијата, четботот „Co-Pilot“ може да изврши најмалку 90 проценти од задачите што ги извршуваат историчарите, како и 80 проценти од работата на продавачите и новинарите.

Кај научниците што собираат податоци и диџеите, тој процент изнесува околу 75 проценти.

Меѓу 40-те најзагрозени професии од широка примена на AI се и асистентите за корисничка поддршка, финансиските советници и промоторите на производи, пренесува „Sky News“.


„Машината ме замени“

Писателот Џо Тарнер е еден од оние што изгубиле 70 проценти од своите клиенти за само две години поради ширењето на вештачката интелигенција и четботовите.

„Чувството е како предавство — кога по толку труд и работа, ќе те замени машина“, вели Тарнер, кој припаѓа на една од професиите што AI може во голема мера да ги преземе.

Истражувачот од „Microsoft“, Киран Томлинсон, нагласува дека студијата не се фокусира само на замената, туку и на тоа кои категории занимања можат продуктивно да ја користат вештачката интелигенција.

Сепак, Тарнер е скептичен во врска со тоа.

Многу AI консултанти се согласуваат со него, оценувајќи дека четботовите веќе во рок од три до пет години замениле низа професии.

„Тоа единствено не важи за работни места каде што се клучни меѓучовечките односи или личната проценка“, наведуваат консултантите.


Масовни отпуштања и инвестиции во центри за податоци

Самата компанија „Microsoft“ објави дека ќе отпушти 15.000 вработени и дека инвестира 69 милијарди фунти во центри за податоци кои ќе ги обучуваат AI моделите.

Компанијата истовремено користи AI за да заштеди околу 500 милиони долари во кол-центрите.

Примерот на „Klarna“ е уште поекстремен: оваа компанија го намали својот финансиски сектор за 40 проценти и го замрзна вработувањето на нов кадар, фалејќи се дека четботовите сега ја вршат работата на 700 луѓе.

Извршниот директор на „Amazon“, Енди Џеси, изјави дека очекува вкупниот број на вработени да се намали со пошироката примена на AI технологијата.

„AI не може веднаш да ги замени луѓето“

И покрај сè, консултантите за вештачка интелигенција предупредуваат дека AI нема веднаш да ги истисне вработените.

„Би рекол дека вештачката интелигенција сè уште не е во позиција да предизвика масовни отпуштања. Повеќето компании едноставно го запираат новото вработување“, наведува еден од експертите.

Истражувачот Томлинсон додава дека AI поддржува многу работни задачи, особено оние што вклучуваат истражување, пишување и комуникација, но сè уште не може целосно да изврши ниту една од нив самостојно.


Постојат и занимања што се речиси недопирливи

Студијата, всушност, покажува дека постојат 40 занимања во кои AI може да изврши само околу 10 проценти од задачите.

Во таа категорија спаѓаат професиите трговец, декоратер и сликар, чистач и мајстор за покриви.

Покрај тоа, AI може да заврши само три проценти од работата на асистентите на хирурзите, пет проценти кај бродските инженери и околу седум проценти кај болничките асистенти.

Со други зборови, AI навлегува сè подлабоко во пазарот на трудот, но човечкиот фактор — барем засега — останува незаменлив таму каде што се бараат емпатија, одлука и искуство.