Вештачката интелигенција би можела да се натпреварува за Нобеловата награда уште во средината на овој век – предвидуваат научниците.
Во текот на изминатите две години, моделите на вештачка интелигенција почнаа да демонстрираат способности во научните откритија.
Некои научници веруваат дека во наредните децении вештачките умови би можеле да се натпреваруваат со најголемите човечки умови во науката.
Хироаки Китано, биолог и извршен директор на компанијата „Sony AI“, предложил амбициозна цел уште во 2016 година – создавање вештачки систем способен за научно откритие достојно за Нобелова награда.
Китано го претставил ова како грандиозен предизвик за науката.
Наградата би му припаднала на вештачки ум кој автономно комбинира генерирање хипотези, планирање експерименти и анализа на податоци за да постигне научен успех еднаков на супериорно човечко истражување.
Иако сегашните вештачки системи не можат да го исполнат тој стандард, Рос Кинг, научник по хемиско инженерство на Кембриџ, сугерира дека вештачката интелигенција би можела да произведе научен труд достоен за Нобелова награда дури и пред 2050 година.
„Речиси е сигурно дека системите за вештачка интелигенција ќе станат доволно добри за да освојат Нобелови награди. Прашањето е дали ќе бидат потребни десет или 50 години“, смета Кинг.
Нобеловите награди се доделуваат на оние кои дале најголема корист на човештвото, според тестаментот на Алфред Нобел.
Вештачката интелигенција веќе имала влијание врз делата што добиле Нобелова награда.
Така, во 2024 година, пионерите на машинското учење ја освоиле Нобеловата награда за физика, додека „AlphaFold“ – системот на „Google DeepMind“ за предвидување на протеински структури – придонел најмалку 50 отсто кон освојувањето на Нобеловата награда за хемија.