Ова е Македонецот кој се разнесе со експлозив во Белград: Мартин загинал поради невешто ракување со бомба

Точка

07/10/2025

15:03

3.562

Големина на фонт

а а а

Истрагата за експлозијата во која загина државјанинот Македонија ја води Вишото јавно обвинителство во Белград!

Државјанинот на Македонија, Мартин Сипковски (21), инаку манекен по професија, загина минатата недела во експлозија во стан на улицата Косовска, во центарот на Белград, пишува српски „Kurir“.

Во Вишото јавно обвинителство во Белград, по повод експлозијата во која животот го загуби Сипковски, бил сослушан и Филип В. (26), осомничен дека на 30 септември неовластено набавил, а потоа и предал експлозивен материјал „пентрит“ на државјанинот на Македонија, токму на аголот меѓу улиците Косовска и Нушиќева. Според досегашната истрага, Мартин Сипковски следниот ден, на 1 октомври околу 21:45 часот, при невешто ракување со експлозивот го активирал и загинал на самото место.


Нема криминално досие

„По извршената обдукција беше потврдено дека загинатиот е Мартин Сипковски, државјанин на Македонија, кој според неофицијални информации немал никакво криминално досие. Засега не е познато како се нашол во кругови поврзани со организиран криминал, со оглед на тоа што, според зборовите на неговите познаници, бил успешен манекен кој се пробил на турскиот пазар и имал забележителни успеси на модните писти“, навел изворот и додал:

„Сите се во шок, бидејќи експлозивната направа, наводно, била подготвувана за ликвидација на маж со криминално досие, кој се поврзува и со навивачки групи“.

Како што претходно објавуваа македонските медиуми, загинатиот Мартин имал забележителна кариера на модната сцена.


Првиот македонски манекен во престижна турска агенција

„Поранешниот ракометар на Вардар, Мартин Сипковски, е првиот Македонец кој потпишал договор со престижната модна агенција „Daman“ од Истанбул. Висок е 186 сантиметри и тежи 70 килограми. Бил студент на Факултетот за бизнис и менаџмент во Скопје. Поради повреда на вратот, Мартин се откажал од својата најголема љубов – ракометот, се наведува во текстот посветен на трагично загинатиот манекен.

„Овој млад човек од Скопје веќе се подготвуваше да ги освојува модните писти, а заминувањето во Истанбул требаше да го искористи за кастинзи во неколку модни куќи и машки модни брендови. Агенцијата „Daman“ е дом на многу светски познати модели, а Мартин е првиот Македонец кој успеал да стане дел од елитниот круг на момчиња што се занимаваат со манекенство.

Истрагата што ја води надлежното Вишо јавно обвинителство во Белград сè уште е во тек, а надлежните ќе ги утврдат сите детали поврзани со оваа експлозија.