Почина легендарниот Халид Бешлиќ

Точка

07/10/2025

13:52

4.931

Големина на фонт

а а а

Легендарниот пејач на народна музика Халид Бешлиќ почина денес на 72-годишна возраст, по кратка борба со тешка болест.

Бешлиќ беше хоспитализиран кон крајот на август на Клиничкиот центар при Универзитетот во Сараево.

Роден е на 20-ти ноември 1953 година во Кнежина, кај Соколац, и остави неизбришлива трага на музичката сцена на поранешна Југославија и пошироко.


Неговата кариера, која траеше повеќе од четири децении, вклучува безброј хитови кои станаа евергрини и незаменлив дел од секоја веселба, радио-програма и кафеанска музика.

Меѓу неговите најголеми хитови се издвојуваат: „Miljacka“, „Ja bez tebe ne mogu da živim“, „Romanija“, „Hej zoro, ne svani“, „Prvi poljubac“, „Neću, neću dijamante“, „Sevdah da se dogodi“, „Vraćam se majci u Bosnu“ и многу други.

Неговата музика ги надминуваше генерациските и географските граници, спојувајќи емоција, традиција и енергија што публиката ја препознаваше и ја сакаше.

Познат по својот специфичен глас, емотивната интерпретација и длабоката поврзаност со публиката, Халид Бешлиќ беше миленик на сите генерации.