Експлозивна изјава на Меркел за војната во Украина, ги обвини европските земји: „Не ме поддржаа, а потоа започна агресијата на Путин“

Точка

06/10/2025

19:00

2.285

Големина на фонт

а а а

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја обвини Полска и балтичките држави за инвазијата на Владимир Путин врз Украина.

Меркел, која беше на чело на Германија од 2005 до 2021 година, го изнесе оваа експлозивно тврдењае во интервју за унгарскиот медиум "Partizan", пренесува „Daily Mail“.

„Во јуни 2021 година чувствував дека Путин повеќе не го сфаќа сериозно Минскиот договор и затоа сакав нов формат, тогаш заедно со претседателот Макрон, во кој директно ќе разговаравме со Путин како Европска унија“, рече Меркел.

Сепак, таа тврди дека наишла на отпор. „Некои луѓе тоа не го поддржаа. Тоа пред сè беа балтичките држави, но и Полска беше против. Тие четири земји се плашеа дека нема да имаме заедничка политика кон Русија“, наведе таа.

„Во секој случај, новиот формат не се оствари. Јас ја напуштив функцијата, а потоа започна агресијата на Путин“, додаде Меркел.


Во интервјуто, поранешната канцеларка повеќепати нагласи колку според неа е важно да се одржува дијалог – дури и меѓу спротивставени страни.

По отцепувањето на Доњецк и Луганск, двете украински области кои се прогласија за „републики“ под руско покровителство, претставници на Украина, Русија и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) го потпишаа првиот Мински договор во септември 2014 година.

Целта на договорот беше воспоставување прекин на огнот меѓу Русија, Украина и проруските ентитети – т.н. Доњецка и Луганска Народна Република.

Меркел изјави дека првиот Мински договор „донесе смирување“ меѓу 2015 и 2021 година и ѝ овозможи на Украина, која претходно претрпе пораз од Русија за време на летната контраофанзива во 2015, да „собере сила“ и да „стане поинаква земја“.

Сепак, тој договор не остави траен ефект врз Путин ниту врз неговите сојузници во Доњецк и Луганск.

До јануари 2015 година, само четири месеци по потпишувањето на договорот, руските и проруските сили повторно влегоа во тешки борби со украинската армија, иако основните интереси на Кремљ веќе беа задоволени.

Во февруари истата година беше потпишан Минск II, кој исто така не го спречи продолжувањето на конфликтот. Меѓу 2015 и 2021 година, руските сили, и покрај договорот за прекин на огнот, убија или ранија повеќе од 5.000 украински војници.

Меркел рече дека дури во 2021 година „почувствувала дека Путин повеќе не го сфаќа Минскиот договор сериозно“.

„Затоа сакав нов формат, во кој ќе можевме директно да разговараме со Путин како Европска унија“, објасни таа.

„Некои тоа не го поддржаа. Тоа пред сè беа балтичките земји, но и Полска беше против.“

Додаде дека тие четири држави биле „исплашени дека нема да имаме заедничка политика кон Русија“.


Влијанието на пандемијата

Меркел истакна и дека избувнувањето на пандемијата од коронавирус доведе до прекин на многу комуникациски канали и дополнително ги заостри меѓународните односи. Видеоконференциите, како што рече поранешната канцеларка, не можат да ги заменат разговорите лице в лице.

„Дали Путин ќе ја нападнеше Украина доколку не се случеше пандемијата на коронавирус? Никој тоа не може со сигурност да каже. Коронавирусот ја смени светската политика бидејќи повеќе не можевме да се среќаваме“, оцени Меркел.

Таа напомена и дека самиот Путин не учествувал на самитот Г20 во 2021 година „од страв од коронавирусот“.

„Ако не можете да се сретнете и да ги решите разликите во мислењата, тогаш не можете да најдете нови компромиси. Видеоконференциите не се доволни во таква ситуација“, смета Меркел, која ја извршуваше функцијата германска канцеларка од ноември 2005 до декември 2021 година.