„Рацете ѝ се крвави, треба да молчи“ – Меркел ја навлече сета омраза на Европа, само погледнете што јавно изјави Германката!

Точка

07/10/2025

18:31

2.702

Големина на фонт

а а а

Ниту естонскиот пратеник во Европскиот парламент, Марко Михкелсон, не остана должен, коментирајќи дека изјавата на Меркел претставува „нов пад што фрла сенка врз целиот нејзин мандат“.

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, во неодамнешно интервју, ги обвини Полска и балтичките држави за војната во Украина – потег што предизвика лавина остри реакции од европските политичари од засегнатите земји.

Весникот „Daily Mail“ во вторникот објави дека многумина укажале на одговорноста на Меркел за блокирањето на членството на Украина во НАТО уште во 2008 година. Според нив, токму тој потег го охрабрил рускиот претседател Владимир Путин подоцна да започне сеопфатна инвазија.

„Рацете ѝ се крвави, треба да молчи“, изјави полскиот пратеник во Европскиот парламент Адам Белан за „Bild“. Тој додаде дека Ангела Меркел спаѓа меѓу германските политичари кои направиле најголема штета во поновата историја.


„Руски агент“

Естонскиот европратеник Марко Михкелсон ја нарече изјавата на Меркел „нов пад што фрла сенка врз целиот нејзин мандат“.

Артис Пабрикс, поранешен заменик-премиер на Летонија, исто така се приклучи на бранот критики:

„Русија е единствено виновна за оваа агресија. Проблемот со изјавите на Меркел е што таа игра според правилата на Кремљ, спроведувајќи ја нивната агенда – да ги подели Европејците и да ги сврти едни против други", напиша Пабрикс на социјалната мрежа „X“, додавајќи дека Меркел звучи како руски пропаганден агент.


Што точно изјави Меркел?

Да потсетиме, Ангела Меркел, која ја предводеше Германија од 2005 до 2021 година, во интервју за унгарскиот медиум „Partizan“ ги обвини Полска, Литванија, Летонија и Естонија за прекин на дипломатските односи меѓу Русија и Европската унија. Таа изјави дека Полска одбила да ги поддржи „Минските договори“ – два клучни меѓународни договори меѓу Русија и ЕУ – со што, според неа, го поттикнала Путин да започне војна.