Студените и свежи есенски утра знаат да нè натераат да го извадиме првото долго нешто што ќе го видиме во плакарот за да се стоплиме.
Во тие поспани моменти, во текот на есенската сезона честопати избираме удобност пред стил, а тоа воопшто не мора да биде така. Со само неколку трикови и труд, есенскиот стајлинг може да изгледа луксузно и шик.
Личната стилистка Лена Аспет на ТикТок сподели модни совети кои ќе ви помогнат да го постигнете совршениот изглед.
Како што рече таа, панталоните и џемперот, кои се задолжителни есенски модни парчиња, можат да се стилизираат така што целата комбинација ќе изгледа модерно и скапо.
Потребни се само едноставни промени и неколку минути од вашето време.
Пред сè таа советува да започнете со слоевито облекување, така што ќе облечете бела кошула под удобен џемпер.
Белата кошула ќе ја стилизирате со тоа што ќе го вовлечете џемперот во панталоните и ќе ги засукате ракавите.
Додадете ремен за да ја истакнете вашата фигура, но и да додадете структура во целиот изглед.
Кога станува збор за чевли, Лена препорача да се одлучите за салонки со шпицест врв, кои ќе ја издолжат вашата фигура.
Но, дури иако се одлучите за друг вид обувки, рамни чевли или чизми, шпицестиот врв ќе создаде илузија на подолги нозе.