Актерката Џована Антонели, позната како Жаде од серијата „Клон“, и денес изгледа младешки и има милиони следбеници на Инстаграм.
Бразилската теленовела „Клон“ своевремено беше огромен хит, а ликот на Жаде остана длабоко врежан во сеќавањето на публиката. Многумина и денес се прашуваат како изгледа актерката која ја толкуваше оваа незаборавна хероина.
Станува збор за Џована Антонели (50), која покрај глумата изгради кариера и како телевизиска водителка и продуцентка.

Иако е родена во Бразил, Џована има италијански корени. Потекнува од уметничко семејство – нејзиниот татко бил оперски пејач, додека мајка ѝ била балерина, па не е чудно што и самата тргнала по тој пат. За разлика од неа, нејзиниот брат избрал поинаква животна професија и станал адвокат.
Пред камерите првпат се појавила на само 15 години, кога учествувала во детска емисија. Веќе три години подоцна ги остварила и првите актерски улоги во сапуници, кои подоцна ѝ донеле голема популарност.
Најголемата слава ја стекна со серијата „Клон“, каде што ја играше Жаде – лик кој ја освои публиката ширум светот.
Серијата ги следеше комплексните односи, љубовта и судирот меѓу традицијата и современиот живот, а токму нејзиниот лик беше една од клучните причини за огромната гледаност.

На 25 години се омажила за бизнисменот Рикардо Медина, кого го познавала уште од училишните денови, но бракот траел помалку од две години.
Потоа започнала врска со колегата Мурило Бенисио, со кого играше во хит серијата. Нивната хемија од малите екрани се пренела и во приватниот живот. Во мај 2005 година го добиле синот Пјетро, но веќе во ноември истата година се разделиле.
Подоцна била во неколку врски и кратка веридба, но ниту една не траела долго. Сепак, во 2010 година добила близначки во врската со режисерот Леонардо Ногерија.

Иако се приближува до шестата деценија од животот, Џована Антонели и понатаму изгледа младешки и негувано. Нејзините фотографии на социјалните мрежи често предизвикуваат воодушевување кај обожавателите.





