[ВИДЕО] Синот на Надал ист татко: На теренот ги покажал тениските вештини – родителите горди на наследникот

Кармин

29/04/2026

14:19

467

Големина на фонт

а а а

Славниот тенисер Рафаел Надал пред неколку денови во Мадрид се сретнал со Ига Швјонтек и Јаник Синер, но средбата „падна“ во втор план кога синот на Надал се појави на теренот.

Надал и Синер неодамна ги вкрстиле рекетите на несекојдневен егзибициски меч во двојки, а додека Шпанецот професионално играл тенис одиграле три официјални АТП натпревари.

Надал играл во пар со голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, а Синер со везистот Џуд Белингем.

Швјонтек исто така учествувала на свеченото отворање на привремениот тениски терен на стадионот на Реал Мадрид, а дури и ги покажала фудбалските вештини. Тенисерката месецов ја започнала соработката со тренерот Франсиско Роиг, кој со години беше член на тимот на славниот тенисер.

Со Ига се поздравил и синот на Надал, кој се појави на теренот со рекет во рака, што ги воодушеви обожавателите на неговиот татко. Тие коментираат дека момчето веќе покажува дека го наследил талентот за тенис од својот татко, а во октомври ќе наполни четири години. Од друга страна неговиот татко почнал да тренира тенис како тригодишно момче, со својот чичко Тони Надал.


Прославениот тенисер како дете покажал талент и за фудбал, но неговиот чичко, препознавајќи го неговиот потенцијал за белиот спорт, му дал предност на талентот за тенис. И не погрешил. На осумгодишна возраст, Надал го освоил регионалниот турнир за играчи до 12 години.

Тони имал посебна тактика, го охрабрувал Рафаел да игра со левата рака, и покрај фактот дека е деснак, верувајќи дека тоа ќе му даде значителна предност на теренот.


Потсетуваме Надал и неговата сопруга Марија Франциска Перело го добија синот Рафаел Помладиот во октомври 2022 година, а потоа во август 2025 година го прославија раѓањето на нивниот син Мигел, кој го носи името на неговиот дедо по мајчина линија.

Славниот Шпанец претходно изјавил дека би сакал неговите синови да спортуваат и дека е голема предност што растат во здрава атмосфера каде што спортувањето е високо ценето. Тој нагласил дека за него е помалку важно дали Рафа Помладиот и Мигел ќе станат тенисери, фудбалери или ќе изберат трета дисциплина. Најважно му е момчињата го изберат спортот како животна професија.


Сопругата на Надал е исто така посветена на спортот и му била огромна поддршка додека играл на најголемите турнири. Франциска Перело се занимава со хуманитарна работа и бизнис менаџмент. Таа е генерална директорка на Фондацијата Рафаел Надал, каде што е задолжена за проекти што им помагаат на социјално загрозените деца преку спорт и образование.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk