[ФОТО] Како самовила да ѝ направила фустан од шеќерна волна: Пејачката на доделувањето на „Еми“ наградите докажала дека магијата постои

Кармин

15/09/2025

14:15

612

Големина на фонт

а а а

За своето прво појавување на црвениот тепих на „Еми“ наградите, една од најголемите азиски ѕвезди избрала да носи нешто целосно неочекувано и оставила феноменален впечаток.

На вчерашното 77 по ред свечено доделување на „Еми“ наградите, познатите личности биле на висина на задачата кога станува збор за црвениот тепих, а модните критичари се едногласни дека актерката Џена Ортега е победничка на вечерта.


Меѓутоа, имало и многу други незаборавни изданија, а едно од нив кое посебно се истакнало е она на Лиса, тајландската пејачка од јужнокорејската група „Blackpink“.

Лиса вчера првпат присуствувала на доделување на „Еми“ наградите каде била присутна поради големиот успех на серијата „Белиот лотус“ во која имала актерско деби, а со оглед на тоа што станала вистинска модна ѕвезда изминативе години, од неа овојпат се очекувало многу. И – не успеала да ги разочара модните критичари.

Лиса по низа креации од модната куќа „Louis Vuitton“ избрала да носи парче од модниот бренд „Lever Couture“ кое било дизајнирано специјално за неа.


Станува збор за струкиран розов фустан којшто ја нагласува фигурата на тело во облик на песочен часовник, а во која пејачката на прв поглед делувала како да е обвиена во шеќерна волна.

Горниот дел од фустанот бил составен од тесен корсет, обвиен со тенок материјал којшто паѓа на рамениците, а потоа од струкот се шири и асиметрично паѓа во слоевит тул.

Лиса со оваа божествена креација носела и ѓердан од брендот „Bvlgari“ украсен со розови дијаманти, како и салонки на висока потпетица од модната куќа „Christian Louboutin“ обвиени со ситни кристалчиња.


Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Лиса?



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk