[ФОТО] Втората ќерка на славната манекенка конечно го покажа лицето

Точка

04/09/2025

13:46

1.647

Големина на фонт

а а а

Хајди Клум и нејзината постара ќерка Лени Клум одамна ја заработија титулата „најбарано дуо“ во светот на манекенството.

Тие често заедно се појавуваат на големи настани, а неодамна ја заинтригираа јавноста на Венецијанскиот филмски фестивал.


Но, се чини дека Хајди сега одлучила да ја покаже и својата втора ќерка – онаа која ретко се појавува во јавност. Станува збор за 16-годишната Лу Семјуел, која ја доби додека беше во брак со пејачот Сил.


Според пишувањата на странските медиуми, мајката и ќерката се упатиле кон луксузен ресторан во Малибу, каде што Том Каулиц, сегашниот сопруг на Хајди Клум, организирал роденденска забава.

Додека Лу се одлучила за едноставна комбинација – здолниште и „оверсајз маичка“, поранешната манекенка се реши за провокативен стајлинг.

Како што може да се види, Клум носела црна, мрежеста модна комбинација што ги истакна нејзините бујни гради.

Изгледот го надополни со брановидна фризура и едвај забележлива шминка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk