Сити го потврди трансферот на Донарума со први зборови од Италијанецот

Дерби

02/09/2025

13:47

671

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити ја договори голманската рокада во последниот ден од летниот преоден рок, а откако му се заблагодари на Едерсон Мораеш кој си замина како најдобар асистент меѓу голманите во историјата на Премиер лигата, клубот од „Итихад“ му посвети вест и на големото засилување.

Речиси 12 часа по завршувањето на летниот преоден рок, Манчестер Сити излезе со официјална објава за ангажманот на фантастичниот италијански чувар на мрежата, за кого сега е познато дека ставил потпис на петгодишен договор со „граѓаните“.

Манчестер Сити со големо задоволство се пофали со ангажманот на фантастичниот чувар на мрежата, а во официјалната објава ја проследи и првата изјавата на досегашниот голман на ПСЖ.

– Потпишувањето за Манчестер Сити е специјален момент кој ме прави горд. Се приклучувам на тим кој е исполнет со таленти од светска класа и тим кој е воден од еден од најдобрите менаџери во историјата на фудбалот. Ова е клуб на кој сака да му се приклучи секој играч во светот.

– Уживав да го гледам Сити со години наназад, а тоа што сега ќе играм за овој клуб е голема чест и гордост. Не можам да дочекам да ги запознаам моите нови соиграчи, целиот стручен штаб и фановите. Играњето на „Итихад“ ќе биде специјален момент за мене. Со голема возбуда го исчекувам она што следи и можам да ветам дека ќе дадам се за да оствариме заеднички успех, – гласи пораката на Донарума.