Неочекувано признание на американскиот претседател: Трамп случајно открил што навистина Меланија чувствува за него

Кармин

21/08/2025

13:00

778

Големина на фонт

а а а

Неговото признание ги изненадило дури и оние кои многу добро го познаваат затоа што американскиот претседател ретко споделува детали од приватниот живот во јавноста.

Доналд Трамп пред новинарите во Белата куќа направил неочекувано признание кое изненадило многумина, тој признал дека неговата сопруга Меланија без дилема го става нивниот син Барон пред него.


Во текот на состанокот со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, поранешниот американски претседател отворено говорел за ставовите на својата сопруга.

Рекол дека Меланија е згрозена со војната во Украина, но дека нејзиниот најголем поттик во љубовта е онаа кон синот Барон којшто моментално студира на престижниот Универзитет во Њујорк.

„Таа обожува деца, но пред сѐ својот син кого го сака повеќе од било кој на светот... Вклучувајќи ме и мене, мора да признаам“, рекол Доналд низ насмевка, додека новинарите ги запишувале неговите зборови.

Откако Барон се родил во 2006 година, Меланија го чува под посебна заштита. Во текот на првиот мандат на неговата сопруга во Белата куќа, момчето ретко се појавува во јавноста, а и денес неговата мајка внимателно бира каде ќе го претстави во светот.

Сепак, Барон во последнава година станал поактивен, дури му давал совети на татко му како да се поврзе со помладата генерација на социјалните мрежи и по пат на поткаст.

Тој моментално студира бизнис и се подготвува за втората година на факултет, а последен пат бил виден во јавноста на инаугурацијата на својот татко каде со својата висина ги засенил браќата и сестрите.


Меланија се покажала и како гласен поборник за мир. Пред неколку денови напишала отворено и емотивно писмо до Владимир Путин во кое го замолила да ја прекине војната во Украина и тоа поради децата кои се заробени во конфликтот.

„Секое дете на светот е исто: љубовта, сигурноста и можноста да растат без страв. Како родители, наша должност е да им ја обезбедиме иднината полна со надеж“, напишала Меланија додавајќи дека лидерите во светот треба да создадат достоен свет за сите деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk