Британската манекенка Кара Делевин изјави дека е подготвена да ја започне својата музичка кариера.
Делевин соопшти дека ќе ја започнe музичката кариера со турнеја во 11 градови низ Европа, Обединетото Кралство и Северна Америка.
„Возбудена сум што ги најавувам моите први настапи како главна ѕвезда. Заглавена сум во пробите и едвај чекам да свирам на концертите“, порачала Делевин.

Таа го споделила постерот од турнејата, како и видеото од нејзината изведба на една од нејзините рок песни на гитара.
„Музиката отсекогаш била мојот најголем страв и најголема љубов“, истакнала манекенката.
Делевин додала дека нејзините претстојни синглови „Forgot“ и „Out of My Head“ ќе бидат првиот увид во нејзиниот тек на свеста во последните неколку години.
„Не можам да верувам дека конечно сме тука“, рекла таа.
Во едно од претходните интервјуа, таа појаснила дали се смета себеси за манекенка, актерка или музичарка.

„Би се опишала себеси како уметница и креативна личност. Мислам дека сакаме да ги етикетираме луѓето, а јас отсекогаш сум била креативна. Единственото нешто што навистина не можам да го правам е да сликам или цртам, но користам сè што можам за креативно да се изразам. Отсекогаш сум сакала да слушам и да свирам музика“, изјавила Делевин.