Модриќ изненади млад фан на Милан, видеото стана вирално на социјалните мрежи

Дерби

16/07/2025

13:27

769

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ го комплетираше трансферот во Милан и веќе се врати назад во родната Хрватска каде ќе го добие својот заслужен одмор, но клубот од „Сан Сиро“ споделува уште видеа од денот на потпишување.

Хрватскиот маестро пред два дена се појави во Милан и експресно ги мина медицинските прегледи, по што ја испрати и првата порака до навивачите на клубот.

Искусниот играч за врска вети максимално залагање кога ќе се појави на подготовките за новата сезона, но пред да си замине, режирал и едно изненадување за млад фан на Милан.

Клубот реши да изненади едно младо момче кое набрзо ќе прослави роденден, па Модриќ без размислување му ја исполни желбата и му се потпиша на дресот.

Малиот Грегори во неколку наврати занеме и не знаеше што да му одговори на Хрватот, кој со своето шмекерско однесувањесепак се погрижи средбата да биде далеку попријатна и поинтересна.