Крај на сагата: Мициќ се врати во Евролигата и стана најплатен играч во Европа

Дерби

16/07/2025

12:38

695

Големина на фонт

а а а

Сагата околу српскиот кошаркар Василије Мициќ официјално дојде до својот крај, откако Хапоел Тел Авив го потврди ангажманот на искусниот плејмејкер за новата натпреварувачка сезона.

Израелскиот великан успеа да ја добие битката со Црвена Звезда, Реал Мадрид и Олимпијакос, но за да го направи тоа, морал навистина добро да го одврзе ќесето.

Како што пренесуваат угледните кошаркарски извори, Мициќ од денеска е нов најплатен играч во Европа, бидејќи за тригодишниот договор со Хапоел има загарантирани 14 милиони евра.

Мициќ е добро познато име на стариот континент и веќе освои две титули во Евролигата како член на Анадолу Ефес, а сега во Европа се враќа после авантурата која ја имаше во НБА лигата.

Србинот последно играше за Шарлот, но ги бранеше боите и на Феникс и Оклахома.