Сабаленка се соблече и ја покажа својата линија! Тенисерката објави серија провокативни фотографии

Точка

16/07/2025

19:49

3.387

Големина на фонт

а а а

Најдобрата тенисерка на светот, Арина Сабаленка, ги воодушеви бројните фанови со фотографии од базенот.

По поразот во полуфиналето на Вимблдон, а пред продолжување на напорната сезона, Белорусинката реши да направи кратка пауза и да се опушти на популарниот грчки остров Миконос.

Сабаленка, која и за време на престојот во Лондон ја потврди својата голема пријателска врска со Новак Ѓоковиќ, не успеа по прв пат во кариерата да стигне до финалето на Вимблдон, иако во полуфиналето против Аманда Анисимова беше фаворитка.


Американката со руски корени победи во три сета, а Арина го искористи времето за да ја посети популарната дестинација со својот партнер, бразилско-грчкиот бизнисмен Јоргос Фрагулис.

Фотографиите што ги објави од базенот предизвикаа огромно внимание меѓу нејзините фанови и во краток временски период собраа над 300.000 „допаѓања“, што е значително повеќе од голем број на нејзини објави.


Сабаленка го покажа затегнатото тело и задникот во костим за капење во провокативна поза.

Исто така, објави и фотографија на која е прегрната со Фрагулис, и може да се каже дека навистина уживала на Миконос.

Следниот турнир за Сабаленка веројатно ќе биде мастерсот во Монтреал кој започнува на 27 јули, што значи дека има уште неколку дена за одмор.


Со кого ужива Сабаленка ?

Јоргос Фрагулис е бизнисмен и тоа доста успешен.

Тој е директор на компанија која произведува здрава храна, а со тенисерката се запознал поради деловната соработка. Компанијата има повеќе од 600 продавници низ целиот свет.


Според некои информации, богатството на Јоргос се проценува на околу 75 милиони долари.

За љубовта помеѓу бизнисменот и тенисерката се дозна во април 2024 година, а прв пат тие се појавија заедно во јавноста на церемонијата на отворањето на турнирот во Мадрид.