[ВИДЕО] Јамал им одржа дриблинг лекција на Левандовски и Гави со еден импресивен потег

Дерби

16/07/2025

10:59

2.445

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал изминатиот викенд наполни 18 години и неговиот роденденски чин предизвика многу реакции во Шпанија, но младиот фудбалер немаше многу време за уживање, бидејќи вечерта по славјето мораше да се појави на тренинг.

Строгиот Ханси Флик не прави отстапки за било какви приватни забави и Јамал се појави на неделниот тренинг, а веќе во новата недела брзо се најде во центарот на вниманието поради фудбалски потег.

Каталонскиот великан полека ја загрева машината и влегува во тренинг ритам за новата натпреварувачка сезона, но првите неколку дена, очекувано е тоа што преовладува забавата.

„Икс“ профилот на Барселона сподели едно видео кое брзо собра милиони прегледи на социјалните мрежи, од едноставна причина што младата ѕвезда на тимот понуди дриблинг кој вреди да се погледне неколку пати.

Гави и Левандовски со заеднички сили го нападнаа Јамал, а овој одговори со импресивен дриблинг и си поигра со нив на тренингот.