[ФОТО] Ќерката на Чола ужива на Бриони: Уна го поминува летото во омиленото одморалиште на Тито со своето 10 години постаро момче, а друштво им прави и Здравко

Точка

10/07/2025

14:02

1.832

Големина на фонт

а а а

Уна Чолиќ, ќерката на легендарниот пејач Здравко Чолиќ, е мошне активна на социјалните мрежи каде што често покажува детали од својот приватен живот.

Уна сега се наоѓа на едно прекрасно место, во моментот е на одмор во Хрватска, поточно на Бриони, од каде што објавува фотографии.


Друштво ѝ прави нејзиното 10 години постаро момче, но како што се шпекулира и нејзиниот татко, Здравко Чолиќ, и мајката, Александра.


 „Уна ја видовме со нејзиното момче, не знаеме кој е тој бидејќи никогаш не го покажала јавно, но цело време пловеа и шетаа низ целиот комплекс. Таа фотографираше и галеше животни. Во еден момент, ги видовме Здравко и неговата сопруга во ресторанот. Сигурно сите се тука заедно, иако пријателите кои се тука подолго ми кажуваат дека Чола доаѓа на неколку дена секое лето“, вели изворот за српски „Блиц“ и додава:


Сигурно таа ќе остане подолго, а Здравко мора да продолжи понатаму поради настапот.


Иако Уна не сакала да споделува фотографии од своето семејство и партнерот, објави неколку снимки од омиленото одморалиште на Тито.



Тие ја посетиле и тамошната Зоолошка градина, попозната како Сафари парк, а Уна на Инстаграм објави и фотографии од животните.