[ФОТО] Заедно го бодреле Ѓоковиќ на Вимблдон, а во љубов се повеќе од 13 години: Која е сопругата „од сенка“ која успеала да го скроти славниот актер?

Точка

10/07/2025

08:52

3.317

Големина на фонт

а а а

Британскиот актер Хју Грант се наоѓал на Вимблдон каде од кралската ложа го гледал натпреварот на Новак Ѓоковиќ против италијанскиoт тенисер Флавио Коболи.

Она што особено привлекло внимание е тоа што Хју седел точно зад кралицата Камила, но и во друштво на својата сопруга Ана Еберстајн, жената за која малку се знае во јавноста, но која сѐ почесто се појавува со актерот на некои важни настани.

Иако ретко се појавуваат заедно во јавноста, парот неодамна бил забележан и на премиерата на филмот „Vonka“ каде изгледале заљубено.


Хју Грант кој со години важи за еден од најпосакуваните холивудски ергени и шармантен заводник, се чини дека конечно нашол стабилност во семејниот живот.

Неговиот однос со Ана многумина го сметаат за најзрел и најскладен во неговата бурна емотивна историја.

Пред да ја запознае Ана, Грант бил познат по бројните љубовни афери, вклучувајќи ја и повеќегодишната врска со актерката Елизабет Харли.

Тие двајца поминале 13 години заедно, со повеќе раскинувања, а нивната љубов станала тема број еден во сите светски таблоиди кога Хју бил фатен во друштво на проститутки, скандал којшто на кратко го довел и зад решетки.


Сепак, Елизабет му простила иако пет години подоцна се разделиле, останале блиски пријатели, толку големи пријатели што Хју подоцна го крстил нејзиниот син Демијан.

По низа кратки врски во 2012 година било откриено дека Хју е во сериозна врска со шведската телевизиска продуцентка Ана Еберстајн. Во септември таа година тие го добиле синот Џон.

Меѓутоа, тогаш се дознало дека актерот има дете и со Тинглан Хонг, нивната ќерка Јинг Ши родена пред Џон, а само три месеци по неговото раѓање Тинглан го родила и второто дете од Хју, исто така син.

Сепак, без оглед на комплицираниот љубовен триаголник, Хју ја продолжил врската со Ана со која добил уште две ќерки во 2015 и 2018 година. Во мај 2018 година парот одлучил да стави точка на шпекулациите и се венчале на интимна церемонија во Лондон.


Една година подоцна Хју искрено изјавил: „Навистина е прекрасно во бракот, не можам да се правам дека не е така. Требаше порано да го направам тоа. Навистина сум среќен. Имам среќа. Имам прекрасна сопруга, ја сакам“.

Која е Ана Еберстајн?

Ана пораснала во Шведска и се образувала на престижниот Универзитет во Упсала, по што ги продолжила студиите во САД.

Професионално се остварила како продуцентка, прво работејќи на шведска телевизија, потоа и за познатиот „ESPN“, а денес главно се занимава со видеопродукција за потребите на маркетингот.


Во текот на првите години од врската со Хју основала сопствен бренд за детска гардероба „Ace & Me“, специјализиран за чорапи и папучи.

Иако го избегнува вниманието од јавноста, Ана повремено го следи својот сопруг на премиери и јавни настани, секогаш во класични и елегантни модни изданија.

Нејзиниот стил е дискретен, но беспрекорен, баш како што е и нејзината улога во животот на актерот – тивка зад рефлектори.