Со години, па дури и со децении, се зборува за потребата од промени во ракометните правила, но ретко кога навистина се прават значајни чекори на тој план.
Досега, единствената промена што имаше посериозно влијание беше воведувањето на играта „седум на шест“, што сериозно влијаеше на развојот на тактиката и темпото на натпреварите.
Останатите измени најчесто предизвикуваат коментари и анализи, но без реална примена на терен, пишува „Индекс“.
Пасивна игра
Последната измена се однесува на пасивната игра – наместо досегашните шест додавања по крената рака на судијата, сега се дозволени само четири.
Таквото правило веќе се користи во некои европски натпреварувања, но ефектот е минимален.
Причината е во формулацијата – ударите на топката од подот не се сметаат како додавања.
Со тоа, играчи што знаат да водат топка без додавање можат да ја забавуваат играта, доколку судиите го дозволат тоа.
Очекувано, идејата за воведување временско ограничување на нападот не е прифатена, бидејќи тоа би значело темелна промена на спортот.
Но, доколку броењето се прошири и на удари од подот, ефектот би бил многу посилен.
New technology is being tested at the IHF Super Globe. A “pass clock” at passive plays - to inform the fans at the arena. The reserve referee controls the countdown. Thoughts?
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) October 9, 2021
📸: edfhandboll (Instagram)#handball pic.twitter.com/fmBYkvX1g7
Сè зависи од судиите
Еден од аспектите што сè уште не е јасно дефиниран е одбраната во просторот од шест метри.
Тоа и понатаму останува сива зона во која судиите се единствени толкувачи на ситуацијата, со што се отвора простор за произволно досудување седмерци врз основа на лична интерпретација.
Дел од новите измени не ја менуваат суштината на играта.
На пример, ако играч го погоди голманот во глава со директен удар, автоматски се изрекува исклучување.
Претходно, ваквата ситуација се санкционираше со седмерец, а само ако ударот се сметаше за намерен, следеше црвен картон.
The honey of a handball player 🤾 pic.twitter.com/ry11vbTnNe
— Interesting As Fuck (@interesting_aIl) July 4, 2025
Топката и лепилото
Изменето е и правилото за брзо изведување од центар – наместо играчот да мора да стапне точно на линијата од кругот, сега е доволно да се наоѓа во внатрешноста на кругот со дијаметар од четири метри.
Противнички играчи во тој момент не смеат да влезат во просторот на кругот. Претходно се внимаваше на линијата, сега важи целиот круг.
Последната најавена измена се однесува на физичките карактеристики на топката.
Планирано е намалување на обемот од 1,5 до 3 сантиметри, како и целосна забрана за користење лепак, кој со години беше составен дел од играта.
Овие промени ќе влијаат врз техниката на шут, а за голманите можеби ќе биде полесно да реагираат.
Истовремено, топките ќе достигнуваат поголема брзина, што носи ризик во случај на директен удар во глава.
Сите овие правила прво ќе се тестираат на младински ракометни турнири.