Хакими не го забори својот поранешен тренер: Дресот на Мароканецот заврши кај легенда на Реал

Дерби

10/07/2025

15:52

412

Големина на фонт

а а а

ПСЖ вчера оствари убедлива и голема победа над Реал Мадрид и ќе се обиде да ги обедини европската и светската клупска титула.

Ѕвездите на Луис Енрике одиграа уште еден импресивен натпревар во кој ја наполнија мрежата на противникот, а Ашраф Хакими по натпреварот решил да го испорача својот дрес како специјален подарок за еден од поранешните ментори.

Мароканецот е поранешен член на младинската академија на Реал, период во кој соработувал со клупската легенда Гути, кој претходно извршуваше тренерска функција.

– Бев дел од младинската академија и го прашав Гути дали може да му се приклучам на неговиот У-14 тим. Тоа беше одлична сезона, освоивме многу трофеи, бев воодушевен од неговата личност и благодарен сум што ми даде шанса. Се надевам дека ќе ја продолжи кариерата бидејќи е одличен тренер, – рекол Хакими.