Кардиолог вели: Ова се петте намирници кои никогаш не би им ги дал на сопствените деца

Точка

07/07/2025

14:00

1.113

Големина на фонт

а а а

По повеќе од 20 години лекување на пациенти со срцеви заболувања, кардиологот д-р Ленс Ламот знае колку прехранбените навики во детството можат да влијаат врз здравјето на возрасни години.

Како татко на три ќерки, денес тинејџерки, признава дека тој и неговата сопруга поминале низ периоди на брза храна, замрзнати оброци и медалјони од пилешко во облик на диносаурус, но откако со години бил сведок на последиците од лошата исхрана, заедно со сопругата решиле да воведат поздрави навики во семејството.

Во продолжение петте намирници што кардиологот никогаш не им ги нуди на своите деца и здравите алтернативи што станале секојдневна појава во неговиот дом.


Пуканки од микробранова печка

Тие се брзи и едноставни, но повеќето пуканки за микробранова печка содржат штетни хемикалии. Пакувањето често е обложено со таканаречени „перзистентни хемикалии“ (PFAS), кои се поврзани со проблеми како што се имунолошки нарушувања, па дури и вродени маани. Ароматизираните адитиви, особено оние со вкус на путер, исто така можат да бидат штетни за белите дробови.

Здрава замена: Пржени пуканки подготвени со малку путер или маслиново масло.

Овошен јогурт за деца

На прв поглед може да изгледаат здраво, но многу овошни јогурти се полни со додаден шеќер и вештачки бои. Порциите често се премногу мали, па децата често јадат две или три, што значи дека внесуваат премногу шеќер.


Здрава замена: Обичен грчки јогурт со малку мед и свежо овошје.

Преработено месо (виршли, салами, сувомеснати производи)

Овие намирници често содржат големо кочичество сол, конзерванси и нитрати, кои се поврзани со поголем ризик од срцеви заболувања и рак. Тие се исто така штетни за крвните садови и го зголемуваат ризикот од натрупување на холестерол.

Здрава замена: Печено или варено пилешко, мисирка, јајца, леќа, наут и киноа. Семејството на д-р Ламот често комбинира животински и растителни извори на протеини.


Засладени житарки и газирани пијалаци

Популарните појадоци полни со шеќер им обезбедуваат на децата моментално зголемување на енергијата, но брзо предизвикуваат нагло опаѓање на шеќерот во крвта, влијаејќи на концентрацијата и расположението. Истото важи и за засладените сокови и газирани пијалаци.

Здрави алтернативи: Појадок што вклучува јајца, овошје, овесна каша, смути со влакна и здрави масти. За пијалаци – вода со парче овошје наместо сокови и газирани пијалаци.


Пржена храна

Храната пржена во индустриски масла на висока температура содржи супстанции кои го поттикнуваат воспалението во телото и можат да бидат опасни по здравјето. Покрај тоа, децата лесно се навикнуваат на таа „крцкава“ текстура и тешко прифаќаат поздрави алтернативи.

Здрава замена: Крцкави слатки компири, чипс од зеленчук и печен зеленчук од ер фрајер (air fryer). Крцкаво, вкусно и без штетни масла.


Здравите навики започнуваат дома

Не мора да се храните совршено секој ден. Целта е постепено да се воведуваат поздрави навики. Обрнете внимание на состојките, избегнувајте индустриски масти, изберете целовити житарки и вклучете ги децата во подготовката на оброците – бидејќи тие најмногу учат гледајќи ве вас. На крајот на краиштата, децата не слушаат што зборуваме, туку она што го правиме. Затоа, бидете пример што ќе ги следи во текот на целиот нивен живот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk