Одмаздата се служи ладна: На славната актерка партнерот ја изневерувал, а таа ѝ се јавила на неговата љубовница и направила нешто неочекувано

Кармин

07/07/2025

11:27

1.947

Големина на фонт

а а а

Во текот на разговорот во нејзината емисија, Дру споделила анегдота од своето минато која освен што ги изненадила гостите и публиката, инспирирала многумина да го преиспитаат својот пристап во љубовните препреки.

Вакви ситуации се чести во животот кај луѓето, а особено е забавно кога некоја позната личност ќе сподели слично искуство.

Понекогаш животот нѐ соочува со моменти кои нѐ тестираат, провоцираат и нѐ тераат да ја „ископаме“ внатрешната сила за која не сме знаеле дека постои.

Некои од таквите моменти бараат храброст, некои мудрост, а некои мала и неочекувана доза хумор.


Во еден од тие незаборавни моменти, Дру Баримор покажала како да ги споите сите три елементи на начин којшто остава впечаток.

Во текот на разговорот во својата емисија, Дру ја споделила анегдотата од својот приватен живот.

Со неодолив шарм и искреност, Баримор опишала како реагирала кога дознала за неверството на поранешниот партнер и никој не оставила рамнодушен.

Наместо традиционалните драми кои следат, Дру одлучила да ја преземе контролата во своја рака. Сите работи на нејзиниот тогашен партнер ги спакувала и ги оставила во неговиот автомобил, а потоа мирно заминала по својот пат.

Но, тоа не бил крајот на приказната, вистинскиот пресврт следи. Таа одлучила да организира средба меѓу себе, своето поранешно момче и девојката со која ја изневерил.

Замислете ја сцената: Дру, позната по својата насмевка и заразна енергија, спроти непријатната тишина меѓу другите две страни.

„Ова е можност да нѐ слушнеш нас две како разговараме“, му рекла Дру нагласувајќи дека ни најмалку не сака да избегне соочување. А, откако ја завршила својата мисија, без грам горчина, едноставно му рекла: „Сега излези“.


Сепак, Дру не останала во минатото. Години подоцна, со топлина и зрелост му пружила рака на поранешниот партнер и истакнала дека и двајцата згрешиле затоа што тогаш биле млади и несовршени. Денес, како што вели, се добри пријатели затоа што одлучила да прости и да го препознае она убавото кое некогаш го делеле.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk