Лијам и Ноел Галагер конечно повторно заедно се појавија на сцена на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф, а првата вечер од долгоочекуваната повратничка турнеја на групата „Оејзис“ ги доведе до солзи не само обожавателите, туку и самите браќа.
Легендарниот бенд Оејзис вчера повторно се собра по 16 години, на концертот во Кардиф.
Бендот, предводен од браќата Галагер, настапи на стадионот Принсипалити пред десетици илјади обожаватели, со што ја отворија својата турнеја под наслов „Oasis Live ’25“.
Како што пишува „Скај Њуз“, за оваа турнеја веќе се распродадени 1,4 милиони влезници, а вечерва првите 1.000 обожаватели добија специјални нараквици, за да си обезбедат места веднаш пред бендот.
It has begun pic.twitter.com/JVrsNJ7SJB
— Oasis (@oasis) July 4, 2025
Многумина пристигнале на местото на концертот уште ден претходно, па кампувале до почетокот на настанот.
Повеќе од 75.000 луѓе беа сведоци на историски музички момент, кога Ноел и Лијам за првпат по 16 години застанаа заедно на бината.
Некаде некогаш во жесток конфликт, браќата Галагер покажаа дека долгогодишните недоразбирања се зад нив – рака под рака излегоа на сцена и го отворија концертот.
За време на настапот, ја воодушевија публиката со низа од своите најголеми хитови, вклучувајќи ги „Some Might Say“, „Morning Glory“, и, секако, „Wonderwall“.
Десетици илјади обожаватели се собраа на преполниот стадион, а вечерта беше исполнета со емоции од првиот до последниот момент.
NIGHT ONE
— Oasis (@oasis) July 4, 2025
Cardiff 🏴
04.07.25#OasisLive25 pic.twitter.com/MKCwdBvH8a
Концертот беше толку популарен, што дури и оние кои не успеале да набават билети, се собраа пред стадионот во главниот град на Велс, во обид да го чујат долгоочекуваното враќање на својот омилен бенд. Овој настап ќе остане запаметен не само по безвременските хитови, туку и по трогателната посвета на трагично починатиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.
Oasis with a tribute to Diogo Jota during their tour. The band dedicated "live forever" to Jota.pic.twitter.com/1ijD0hQ7lQ
— Goals ⚽ (@Goals360hub) July 4, 2025
Епското отворање на турнејата навистина изгледаше како нешто вредно да се чека цели 16 години, а фановите не штедеа пофалби за „Оејзис“ на социјалните мрежи.
Концертот започна со емотивен гест – Лијам и Ноел излегоа прегрнати, испраќајќи силна порака на единство, додека гордо гледаа во публиката која ги дочека со громогласен аплауз.
Атмосферата во Кардиф била електризирачка со часови пред концертот. Улиците биле преплавени со обожаватели, од кои некои пристигнале дури од Аргентина и Австралија за да бидат сведоци на историскиот момент. Концертот започнал со монтажа од медиумски наслови за кавгите меѓу браќата, која завршила со пораката „оружјето стивна“. Пратени со оглушувачкиот врисок на публиката, бендот излегол на сцената и ја отсвирел соодветната песна „Hello“ со стихот „it's good to be back“ („добро е да се вратиме“).
„Манчестерската вибрација е во воздухот“, извикал Лијам пред да ја поведе масата низ сет-листата исполнета со класици како „Acquiesce“, „Morning Glory“ и „Cigarettes and Alcohol“.
Врвот на вечерта беше моментот кога публиката ги препозна првите акорди од „Wonderwall“, а како се приближуваше крајот, браќата Галагер сè повеќе се отвораа емотивно кон своите фанови.
„Ви благодариме што нè трпевте сите овие години. Тешки сме, го знаеме тоа“, рече Ноел на крајот од концертот, збогувајќи се со публиката.
— Oasis (@oasis) July 4, 2025
Групата „Оејзис“ е основана во Манчестер во 1991 година, а најпозната е по колекциите „Time Flies“, „What’s The Story Morning Glory“ и „Definitely Maybe“, кои од петокот се наоѓаат меѓу првите пет албуми на британските топ-листи.