Можеби затоа што беше меч од првото коло, можеби затоа што знае дека Александар Милер е „стара муштерија“ на Новак, а можеби едноставно беше поради замор – но Јелена Ѓоковиќ во еден момент изгледаше како да ќе заспие на трибините. Иако можеби ни неа ни на Новак нема да им биде пријатно кога ќе ја видат оваа папарацо фотографија, публиката се забавуваше и се насмеа од срце.
Јелена Ѓоковиќ ненадејно го украде целото внимание на централниот терен на Вимблдон за време на мечот од првото коло. Немаше баш среќа што фотографите ја фатија токму во моментот кога се прозеваше. Иако е позната како страствен навивач и поддршка на својот сопруг веќе цели 19 години, синоќа изгледаше како да не ужива премногу во мечот.
Сепак, треба да се напомене дека Новак Ѓоковиќ и Александар Милер едвај го завршија мечот во еден ден, со оглед на тоа дека малку недостасуваше мечот да биде прекинат поради временски ограничувања и забрана за натпревари по 23 часот. Имајќи ги предвид сите околности и доцните часови, делумно е очекувано дека веројатно ѝ се приспиваше – а и толку добро ја познава формата и потенцијалот на својот сопруг што знае дека ова беше еден рутински меч, и дека сите треба да штедат сила за втората недела и мечевите што потенцијално претстојат во големото финале.
Второ коло – домашниот тенисер и навивањето против публиката
Што се однесува до Новак, иако влезе во мечот рутиниски, чувството на нелагодност го спречи да го заврши натпреварот со истото темпо, па дури двапати побара поддршка и помош од лекар. Среќа што сè добро заврши за него, и во второто коло ќе се сретне со домашниот претставник Даниел Еванс.
Ако земеме предвид дека публиката утре ќе биде главно на страната на својот играч, нема сомнение дека тимот на Ѓоковиќ ќе навива со поголем жар во обидот да го „надгласа“ поголемиот дел од публиката – а гласната поддршка не е на одмет дури ни кога сте толку искусен и ментално силен играч како Новак.