[ФОТО] 85-годишниот актер виден во романтичен занес со 28-годишна новинарка: И никој повеќе не зборува како тоа не е нормално

Точка

05/07/2025

18:26

1.284

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Ал Пачино (85) наводно повторно љуби по прекинот со 31-годишната Нур Алфалах. Пачино бил забележан на интимна вечера со новинарката Катерина Ди Терлици, која е 57 години помлада од него.

Фотографите снимиле неколку интересни моменти од нивната вечера, по што веднаш се појавиле гласини дека актерот е во врска со новинарката.

Како што пренесуваат странските медиуми, Ал Пачино разменувал бакнежи со Катерина, а вестите за нивната наводна романса згрозиле многумина, токму поради големата разлика во години. Сепак, некои застанале во одбрана на актерот и коментирале: „Па, само вечерале, не мора да значи дека има нешто повеќе“.

Славниот актер пред две години доби син со Нур (31), кој првично не сакаше да го признае. Меѓутоа, откако ДНК анализата потврди дека детето е негово, тој го прифати татковството. Сепак, не е премногу присутен во животот на детето.


На кој начин и како наоѓа толку помлади девојки сè уште не е познато, но вистина е дека актерот има и имал значително помлади партнерки, додека не е познато кога последен пат имал љубовна врска со жена на слични години или 10 години помлада.


Истиот патерн го имаат и многу други холивудски ѕвезди. Бред Пит е во долга врска со 29 години помладата Инес де Рамон, а Леонардо Дикаприо е познат по тоа што раскинува со девојки штом наполнат 25 години.