Една од најубавите жени во светот, Адријана Лима, моментално престојува во Париз, а папараците ја фотографирале веднаш по напуштање на теретаната.
Најпознатата манекенка во светот носела спортска облека, што е вистински исклучок по неколкуте нејзини гламурозни изданија во претходниот период.
Хеланки и маичка без ракави овој пат беа нејзин совршен избор, додека косата ја врзала во висока опашка со плетенка.
Манекенката цело време гледала во телефонот, а изгледа како да немала ни трошка шминка на лицето, иако не ги симна очилата за сонце, па не беше сосема јасно.
Адријана во минатото често беше мета на коментари во врска со нејзиниот изглед. Сите се навикнати Ангелот на Викторија да изгледа совршено, па затоа не ѝ простија ниту еден килограм плус за време на бременоста.
Откако го врати стариот изглед, беше обвинета дека користи премногу ботокс и дека повеќе не е природна, но убавата Бразилка негрижејќи се за коментарите продолжи да ужива во животот со своето семејство.