[ФОТО] Актерката и летово заводлива, одлучила да ги покаже своите облини: Во танга-бикини мамела воздишки

Точка

05/07/2025

16:00

1.945

Големина на фонт

а а а

Судејќи по фотографиите, омилената џебна Венера ужива во летото, а секое нејзино издание во бикини мами воздишки.

Ева Лонгорија, позната и како омилената џебна Венера, веќе одредено време престојува во Шпанија.

Како што пренесуваат странските медиуми, често може да ја видите на плажите каде ги впива сончевите зраци и со тоа го одржува својот тен.

Така таа неодамна била фотографирана во минијатурно танга-бикини со леопардски принт кој и годинава ја понесе титулата омилен моден тренд.

Малку провокативниот дезен ја нагласил неверојатната фигура на Ева и нејзините раскошни облини.

Што се однесува до останатиот дел од стајлингот таа одлучила да има бушава пунџа и очила за сонце кои го криеле нејзиниот поглед од љубопитните папарацо фотографи.

Забележлив бил и нејзиниот златен ѓердан околу вратот, мал, но значаен додаток на целокупното нејзино летно издание.