Првпат јавно проговори како изгледала нејзината борба со канцер и низ што поминала: Кејт Мидлтон открива како успеала да ја победи опасната болест

Точка

03/07/2025

09:14

724

Големина на фонт

а а а

Идната кралица Кејт Мидлтон (43), упати неверојатно искрени зборови посветени на пациентите болни од канцер и вработените во болницата Колчестер во Есекс на прославата на неверојатната исцелителска моќ на природата.

Принцезата говорела за потребата на советување на пациентите после лекувањето за подобро да го разберат патот кон враќањето во полна форма откако лично поминала низ тешите времиња и победата над канцерот.


„Откако ќе завршите со лекувањето, маската ви е храбар израз на лицето, но всушност фазата после тоа е навистина тешка, повеќе не сте нужно под лекарски надзор дома. Некој којшто ќе ви помогне да поминете низ таа фаза која доаѓа после лекувањето е навистина драгоцено“.

Опишувајќи ги своите чувства детално, Кејт рекла дека се борела така што животот после третманот го набљудувала како нова нормала.

„Но, тоа го менува животот секому, низ првата дијагноза или пост лекување и слични работи, тоа е искуство кое го менува животот и за пациентите, но и за семејството. И всушност понекогаш тоа не се препознава, не мора нужно, особено кога е првпат, да сфатите колкаво влијание ќе има тоа. Мора да ја најдете новата нормалност, а тоа бара време... Тоа е како ролеркостер, не е рамнина како што очекувате“, рекла војвотката, па додала:


„Да имате такво место на поддршка, низ креативност и пеење или градинарство, што и да е, многу е вредно и прекрасно кога поминувате низ толку тежок период“.

Принцот Вилијам минатата година во еден искрен разговор за новинарите го опишал искуството на неговата сопруга и татко се борат против болести како „брутално“, додавајќи дека тоа „била најтешката година во неговиот живот“.