[ВИДЕО] Читачка од усни открива: Еве што му шепнала Лорен на Безос утрото по гламурозната венчавка – Ова никој не го очекуваше!

Точка

02/07/2025

19:52

3.066

Големина на фонт

а а а

Спектакуларната венчавка на милијардерот Џеф Безос и поранешната новинарка Лорен Санчез во романтичната Венеција го привлече вниманието на целиот свет, не само поради луксузот и екстраваганцијата туку и поради еден неочекувано нежен момент што се случи утрото по церемонијата, објави „Дејли мејл“.

Додека јавноста сè уште зборува за прославата што, според шпекулации, чинела дури 50 милиони долари, еден мал, интимен момент го трогна светот, сцена што ја уловија камерите, а потоа ја дешифрираа читачи на усни.


Утрото по свадбата, во сабота, парот се појавил на пижама-забава со своите најблиски и бројни славни гости, симболично затворајќи го нивниот бајковит свадбен викенд.

На патот до воденото такси, читачката на усни Никола Хиклинг успеала да ги „прочита“ нивните тивки размени, само неколку часа по изговарањето на судбоносното „да“.


Безос ѝ подал рака на Санчез за да ѝ помогне да влезе во чамецот. Таа му се заблагодарила со насмевка, по што двајцата им мавнале на присутните пред да се повлечат во внатрешноста на чамецот. Додека пловеле, Санчез се навела кон Безос и му прошепнала: „Те сакам“.

Парот го запечатил моментот со бакнеж, а потоа, кога се завртеле кон фотографите, Санчез, според Хиклинг, изговорила: „Импресивно“.


Овој трогателен момент се случил само неколку часа откако Безос морал да ја заштити својата сопруга од напорните италијански новинари. Додека излегувале од хотелот „Аман“ покрај Големиот канал, еден новинар го прашал: „Што мислите за протестите, Џеф?“ Безос не дал директен одговор, туку се насмеал и рекол: „Ве сакам, луѓе,“ па им испратил бакнеж.