[ФОТО] Остров на Јадранот кој е скриен рај на земјата: Туристите сѐ уште не го откриле

Точка

02/07/2025

19:37

1.261

Големина на фонт

а а а

Во време кога летувањето се сведува на метеж, забави и барање слободни лежалки, постои мало парче рај кое им пркоси на трендовите.

Се вика Бишево, има помалку од шест километри квадратни и сместено е југозападно од островот Вис во Хрватска.

Без оглед на својата величина ова место го крие едно од најпознатите природни чуда на Јадранот – Сината пештера.

Природен феномен којшто го одзема здивот

Доколку постои причина зошто Бишево годишно го посетуваат илјадници луѓе, тогаш тоа е Сината пештера. Сместена во заливот Балун, оваа пештера е позната по спектакуларната игра на светлината која настанува кога сончевите зраци ќе поминат под површината на морето и се одбиваат од белото дно.

Внатрешноста на пештерата сјае во нереални нијанси на сината боја.


Една од ретките песочни плажи на островите

За разлика од поголем дел од камените плажи на Јадранот, тука има песочна плажа. Покрај морето кое е бистро како стакло и идеално за деца, има и борова шума.

Нема барови на плажата, нема музика... Постои само скромна понуда на храна и пијалаци во малите локални објекти, најчесто во сопственост на домаќините кои живеат таму во текот на сезоната.

Заливот Салбунар: Скриен џеб на тишината на работ од Јадранот

Додека поголемиот дел од посетителите се упатуваат кон другите знаменитости, оние кои трагаат за уште поголем мир често одат во заливот Салбунар.


Овој мал залив нуди нереален спој на природна тишина, кристално чисто море и песок.

Познат е по песочната плажа што го прави посебна атракција во јадранскиот архипелаг, каде доминираат карпите.

Црквата Силвестер: Тивко светилиште на врвот од Бишево

Во внатрешноста на островот на полињата сместена е црквата свети Силвестер, заштитник на Бишево. Оваа скромна црква од средниот век сведочи за долгата историја на островскиот живот и спиритуалноста.

Таа е мала и едноставна со камена фасада и скромен ентериер, а некогаш служела како престојувалиште за монасите кои таму живееле и ја обработувале земјата.


Има неколку постојани жители

На овој остров нема хотели, а постојаните жители ги има неколку. Сместувањето е можно кај локалците во приватните куќички кои ги нудат. Тоа го прави овој остров идеален за оние кои сакаат автентично искуство и бегство од комерцијалниот туризам.