Прекрасно тиркизно море опкружено со песочна плажа и борова шума, плоштад полн со луѓе, шармантен ресторан, шеталиште со поглед на стара црква и камен куќи, како и тесни улички полни со сувенири – токму ова реши да го сподели српската тиктокерка Сандра Станојевиќ како дел од нејзиниот одмор на островот Крк во Хрватска.
Сепак, на самиот почеток од видеото, таа ги изненади своите следбеници со една реченица.
„За само четири илјади евра, јас и мојот сопруг поминавме четири дена на островот Крк“, рекла таа.
Аранжманот, како што објаснила, целосно ги воодушевил, а таа го опиша островот како „толку симпатичен и шармантен“ што веднаш резервирале дополнителни пет дена престој со својот сопруг.
На крајот, таа рече дека може да даде „искрени препораки“ на секој што сака да го посети островот.
Сепак, корисниците на Тикток не го споделија нејзиниот ентузијазам во коментарите. Многумина ја игнорираа убавината на Крк што таа ја покажа и се фокусираа исклучиво на цената – четири илјади евра за четири дена им звучеа исклучително скапо, па дури и апсурдно.
Еден корисник напиша дека за 4.000 евра може да оди во Мексико 14 дена, додека друг истакна дека за тие пари може да помине многу повеќе време на многу подеднакво убави дестинации.
„За 1000 евра бев во Занзибар 15 дена, со вклучен лет“, „За 4000 евра можам да поминам две недели на Куба со полн пансион“, „Ако немавте личен готвач на Крк и делфин од аквариумот ве масираше?“ „Зошто толку омраза и невистини? Семејство од четири члена, 12 ноќевања на Корчула, се вклучено во хотел со четири ѕвездички покрај плажа – 3.600 евра“, беа останатите во коментари.