Американскиот тиктокер Џастус Рид, кој веќе две години живее на Балканот купил куќа.
Тој се пофали на Инстаграм дека станал сопственик на имот за кој платил 5.000 евра, но во коментарите некои следбеници му порачаа дека некој добро го измамил.
„Овде никој не престојувал со години“
„Сè започна кога еден пријател ми рече дека ќе ми продаде куќа во шумата, но не знаев колку длабоко во шумата“, рече тој. „Овде никој не престојувал со години. Ја барав куќата три часа, тревата е огромна. Морав да се вратам следниот ден, со автомобил“, додаде тој, покажувајќи дека притоа го оштетил автомобилот. Но, тоа не беше крајот на неговите проблеми. Имено куќата е обрасната со грмушки, а нема струја ниту вода.
„Пајаците се насекаде, но не е толку лошо“, се пошегува тој.
„Ова ќе биде лудо лето бидејќи ќе живеам тука“, заклучи тој, додавајќи дека сè ќе реновира.
Неговата објава предизвика бројни коментари
Инаку Џастус не откри во која балканска земја ја купил куќата, но неговите следбеници претпоставија дека станува збор за Босна и Херцеговина, а објавата предизвика бројни коментари.
„Твојот пријател требаше да ти плати за ова, а не ти нему“ „Премногу си платил“, „Оваа куќа има подобри темели од нова зграда во Америка“, „Луд човек, дошол на Балканот“, „Конечно семејство од Балканот кое решило да ја продаде куќата наместо да се кара за неа“, „За еден месец ќе имаш куќа за која во Америка би морал да штедиш долго време“ „Честитки Американец, тука можеш да правиш ракија“, „Идеално место за криење доколку дојде до војна“, беа само од коментарите.