Авионите мораат да се пробиваат низ десетици куќи расфрлани по планинските падини, при што доаѓаат на само неколку метри од покривите
Во видеото кое е споделено на ТикТок од корисникот @spreadinggeo, се наведува дека аеродромот Паро во Бутан го зазема петтото најопасно место на листата на аеродроми за слетување на планетата.
5. Паро – Бутан
Пистата на единствениот меѓународен аеродром во Бутан е целосно опкружена со Хималаите, а авионите при слетување мораат да се пробиваат низ тесни долини без помош на радар.
Поради тоа, само 17 пилоти се сертифицирани да слетуваат тука, и тоа исклучиво во дневна светлина и во точно определени попладневни термини за време на ветровитите сезони.
4. Куршевел Алтипорт – Франција
Следен на листата е аеродромот Куршевел Алтипорт, кој го опслужува популарното скијалиште во француските Алпи и е достапен само за помали авиони и хеликоптери.
Пистата на овој аеродром има нагорнина, нема светлосна сигнализација, а се наоѓа веднаш до скијачките патеки и во текот на 70% од годината е покриена со снег и мраз.
Аеродромот низ годините има забележано повеќе несреќи поради слаба видливост и лизгање на авионите, вклучително и една во август 2021 година, кога загина едно лице.
3. Мадеира – Португалија
На третото место се наоѓа аеродром кој би ги изненадил многумина, со оглед на тоа што преку него годишно поминуваат повеќе од 1,6 милиони туристи. Мадеира, четвртиот најпосетен регион во Португалија, има еден од најопасните аеродроми во светот, бидејќи е изграден над океанот и изложен на силни странични ветрови.
Пилотите што летаат кон Мадеира мораат да поминат дополнителна обука за да можат да слетаат таму.
На овој аеродром се забележани четири смртоносни авионски несреќи, а последната се случила на 11 септември 2003 година, кога загинале британски пилот и девет шпански патници набрзо по полетувањето.
2. Тонконтин– Хондурас
Следен е аеродромот Тонконтин во Хондурас, целосно опкружен со планини. За да слетаат, пилотите мораат да направат нагло свртување од 45 степени непосредно пред допир со пистата. Според зборовите на корисникот@spreadinggeo, искусните пилоти често велат: „На Тонконтин не се слетува – таму се преживува.“
Аеродромот бил место на многу несреќи со смртен исход, а последната се случила во февруари 2011 година кога авион на „Central Airways“ паднал во фаза на пристап, 20 км од пистата. Загинале сите 14 патници и членови на екипажот.
1. Лукла – Тенцинг-Хилари – Непал
Најопасниот аеродром во светот е аеродромот Лукла, познат и како аеродром Тенцинг-Хилари во Непал, каде патниците често мораат да „се наоружаат со трпение и нерви од челик“.
Овој мал аеродром, сместен меѓу стрмните планини на Хималаите, се наоѓа на 2,5 километри надморска височина и е опкружен со остри врвови високи и до 5500 метри.
Слетувањето е толку ризично што само осум пилоти во светот се квалификувани да слетаат на оваа писта. До јули 2011 година, само една авиокомпанија – „Druk Air“ – имала дозвола да го користи аеродромот.
Пистата е долга само 1980 метри – една од ретките во светот што е пократка од надморската височина на која се наоѓа.
Авионите мораат да се пробиваат низ десетици куќи расфрлани по планинските падини – при што доаѓаат на само неколку метри од покривите.
Летовите се дозволени исклучиво во дневна светлина и при визуелни метеоролошки услови – што значи дека пилотот мора самиот визуелно да ја процени ситуацијата, без потпирање на инструменти како кај ноќните летови.
Силните ветрови често создаваат сериозни турбуленции во долините. Патниците кои летале на овој аеродром го опишуваат слетувањето како „застрашувачко“.